Продадени најскапите влезници во историјата на кошарката

Актуелниот првак во НБА лигата, Голден Стејт има 1:1 против Торонто, во финалната серија, по која треба да биде познат шампионот во најсилната лига во свет. Сега, следните два меча од финалето ќе се играат во „Оракл Арената“ во Оукланд. Доколку финалето заврши со 4:1, тоа значи дека во тоа ќе бидат последните два меча во „Оракл Арената“, која повеќе од 40 години беше дом на Голден Стејт.

Фактот дека од следната сезона во новоизградената сала во Сан Франциско, прави да се рушат рекордите по најскапокупените карти за еден НБА меч.

Два билети за четвртиот меч од финалната серија, еден пар ги платил повеќе од 100.000 долари, што е нов светски рекорд. Еден билет за место во првито ред, веднаш до паркетот, вредел 50.507,50 долари, што значи дека за двата билети, вкупно биле платени 101.015 долари.

Интересно е што, за четвртиот меч од НБА финалната серија се продаваат уште поскапи билети. На понудата има два билети кои вредат 95.000 долари, парче, односно 170.000 евра за две карти. Најефтините билети за четвртиот меч се 680 долари, додека за третиот меч, кој е следен на програмата, најефтините билети се по цена од 517 долари. Третиот меч се игра в четврток, со почеток во 3 часот по полноќ.

 

- Оглас -

Најнови вести