Продадени речиси 9.000 билети, досега собрани над еден и пол милион денари за настраданите во Кочани

Помалку од десет дена остануваат до почеток на пријателскиот меч меѓу Вардар и Црвена ѕвезда на Арената „Тодор Проески“. На 16 април некогашниот европски првак и актуелен освојувач на тронот во српското првенство ќе гостува кај Вардар, во меч кој ќе има хуманитарен карактер.

Од пред неколку дена започна продажбата на билети, а извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, преку социјалните мрежи сподели дека се продадени речиси 9.000 билети.

Од досега продадените билети се собрани над еден и пол милион денари, пари кои ќе одат како помош за настраданите во големата трагедија која минатиот месец се случи во Кочани.

Стадионот на 16 април треба да биде полн. Треба да биде за да се соберат сите предвидени средства за помош за Кочани, треба за да се поздрави некогашниот европски и актуелен српски првак, но, секако, треба да се биде на стадион да се даде поддршка на Вардар, македонската фудбалска гордост.

- Оглас -

Најнови вести