Од ГРК Охрид објавија дека се продадени сите билети за утрешниот спектакл, реванш дуелот со Олимпијакос, од четвртфиналето на Европскиот куп.
Трибините на „Билјанини извори“ ќе бидат преполни, исполнети се предусловите бројната публика да го прослави пласманот во полуфиналето заедно со играчите кои треба да потврдат дека се подобри од Грците, нешто што го најавија со триумфот на првиот меч во Атина од пет гола разлика.
Гостински фанови ќе нема, како што немаше Рибари на првиот меч во Атина, но охридската публика ќе треба да внимава да не наседне на евентуални провокации од гостите кои ќе пробаат на нечесен начин да стигнат до полуфиналето.


