Продадени сите билети за ракометното супердерби во Битола

Немаше никакви дилеми, но сега е и официјално потврдено, трибините на салата „Боро Чурлески“ ќе бидат преполни за дербито помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 кое се игра в недела од 19 часот.

Битолчани објавија дека сите билети се продадени. Гостувањата на ривалот Вардар во Битола секогаш се магнет за битолската публика, а особено сега кога овие два тима водат битка за титулата.

Е. Пелистер мора да победи за да остане во трка за титулата. Победа на гостите, па и реми, ќе значи огромен чекор на Вардарци кон титулата. Во моментов Црвено-црните имаат четири бода предност пред актуелниот првак.

- Оглас -

Најнови вести