Продадоа 54.000 билети, а потоа дознаа дека Меси, Суарес и Бускетс воопшто нема да дојдат

Екипата на Ванкувер пред неколку дена се пофали дека ги распродала сите билети за дуелот против Интер Мајами. Стадионот на Ванкувер собира 54.000 гледачи, а целиот капацитет за брзо време бил целосно распродаден затоа што беше најавено дека ќе гостуваат Лионел Меси, Луис Суарес и останатите ѕвезда во дресот на Интер Мајами.

Фановите на Ванкувер денеска беа разочарани откако од Интер Мајами соопштија дека за гостувањето кај Ванкувер, поради згуснатиот распоред било одлучено да не патуваат Меси, Суарес и Серхио Бускетс.

Ниту еден од овие три големи некогашни ѕвезди на Барселона не се повредени, но едноставно нема да патуваат во Ванкувер, затоа што Интер Мајами три дена потоа игра уште еден тежок дуел.

Моментално Интер е прв на табелата на Источната конференција со 31 бодови, додека Ванкувер е на седмото место со 19 бодови.

- Оглас -

Најнови вести