Продавачка не го препозна Јокиќ: Леле сине колку си голем, ти си само за кошарка

Никола Јокиќ беше предводник до историската прва шампионска титула на Денвер нагетс во НБА-шампионатот. Србинот беше прогласен за МВП на НБА-финалето, а по завршување на шампионатот, се врати да ужива со своите пријатели и семејството.

Иако е светски позната спортска ѕвезда, не сите го познаваат Јокиќ, а тоа се потврди и во една продавница во градот Горажде, во југоисточниот дел на Босна и Херцеговина.

Јокиќ со пријателите влегол во продавницата, а кога требало да се плати на каса, продавачката била зачудена од висината на Јокиќ и искоментирала: Леле сине колку си голем, ти си само за кошарка да играш“, рекла продавачката, а Јокиќ само се насмевнал.

Снимката од посетата на Јокиќ во продавницата може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести