Каква среда во Лигата на шампионите, вечерва паднаа над 40 голови на деветте меча, а со победата над досега непоразениот Баерн Минхен, Арсенал покажа дека е тим број 1 во Европа во моментов.
Топчиите од Лондон се единствени со 15 бода од пет меча во ЛШ.
Атлетико со гол за победа над Интер во судиското продолжение, се погрижи на сите мечеви вечерва да има барем три гола, а и Интер го претрпе првиот пораз во ЛШ.
Вечерва по лошо ќе ја паметат и во Ливерпул, беа шокантно разбиени дома од ПСВ со 1-4, а лошо си помина и Тотенхем кој прими пет гола од ПСЖ, па трите што ги даде не беа доволни ни за бод.
Реал Мадрид со 4-3 славеше во Пиреја. Килијан Мбапе даде четири гола, но одбраната на Кралскиот клуб како да не постоеше. Реал првпат во историјата победи на гостување во Грција, ова им беше десетти меч на грчка територија.

