Црвена ѕвезда загуби добиен меч во драматична завршница против Анадоулу Ефес со 84:83 откако на една минута до крајот имаа предност од пет поени.
Против еден од најнезгодните ривали за белграѓани, кои досега имаа 11 порази на последните 13 меѓусебни дуели, почетокот највуваше нов пораз од Ефес и во драматичен финиш тој се случи.
Актуелниот првак на Европа водеше со 28:16 во првата четвртина, што ја доби со 31:21 и се чинеше дека ќе забележи лесна победа.
Но, во вториот период се случи голем пресврт, гостите го добија со 25:12 и водеа по првото полувреме со 46:43.
Таа разлика остана и по третиот период, а во финишот, во тврд меч со малку поени, подобро се снајдоа домаќините и победија со 84:83.
A triple AND 1 from Kalinic! #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/wWil8l16FV
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 22, 2021
Црвена ѕвезда ја продолжи серијата од шест порази по ред од Анадолу Ефес и сега има биланс 7-10 во средината на табелата во Евролигата. Ефес е со скор од 9-8 во победи.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1473731841127600143?s=20