Ракометната репрезентација на Португалија можеби е најпријатното изненадување на ова ЕП, а нивната бајка ќе продолжи по големата победа над домаќинот Шведска со конечни 35:25. Швеѓаните се посрамотија во Малме, убедливиот пораз може да им направи големи проблеми во обидот да дојдат до полуфинале на континенталниот собир.
Португалците со серија од 3-0 во финишот од првото полувреме изградија предност која во остатокот од средбата ја удвоија, а во последните пет минути од мечот влегоа со +10.
Силва, Ферас и Мангалаеш реализираа по шест погодоци, додека Петерсон и Нилсон со по 4 гола беа најефикасни од редовите на Шведска. Играч на мечот е голманот Алфредо Кинтана со 11 интервенции.