Женската фудбалска екипа на Барселона ја продолжи доминацијата против Реал Мадрид и со победата од 1:0 се пласираше во финалето на шпанскиот Супер куп.
Стрелец на единствениот погодок беше Алексија Петуљас и тоа во 91-та минута од средбата, со што Каталонците ја продолжија својата доминација над големиот ривал.
Реал е далеку послаб од својот ривал во женскиот фудбал а тимот постои од 2019 година. Барселона, пак, е еден од најсилните светски колективи и кај дамите, а во последните три години, овие две екипи имаат одиграно пет „Ел Класико“ и сите тие убедливо и припаднаа на Барселона.
Во второто полуфинале кое се игра утревечер, се среќаваат екипите на Атлетико Мадрид и Леванте.