Кристијано Роналдо минатата седмица одби да биде дел од тимот на Манчестер јунајтед против Манчестер сити. Португалецот, пред средбата си заминал во својата родна држава откако дознал дека нема да биде во стартната постава.
Роналдо за ваквото однесување нема да добие казна а тој изминативе денови тренира со останатите играчи. Предводникот на овој тим, Ралф Рангник не знае дали Кристијано ќе истрча утре против Тотенхем.
„Не знам Кристијано дали ќе игра против Тотенхем, а не ни знам дали тој е среќен со нас или не. Треба да седнеме да разговараме наредните денови и да ги расчистиме сите дилеми.
Пред нас е исклучително тежок период и ако не останеме заедно како тим, тогаш ќе биде погубно“ изјави Рангник.
Манчестер јунајтед утре од 18:30 часот игра против Тотенхем во исклучително важен меч во борбата за Лигата на шампионите.