Продолжува мизеријата на Јунајтед, Њукасл му се реваншира за поразот во ланското финале на Лига купот (Видео)

Во репризата на последното финале во Лига купот, Њукасл ја продолжи мизеријата на Манчестер јунајтед славејќи со убедливи 0:3, и тоа на „Олд Трафорд“.

Со триумфот, Њукасл му се реваншира на Јунајтед за поразот од 2:0 во финалето на минатогодинешното издание на Лига купот и ја продлабочи кризата кај најтрофејниот англиски клуб.

Чавките дилемите околу победникот ги решија уште во првото полувреме, кога постигнаа два гола. Прво Алмирон во 28-мата минута го отвори резултатот, а осум минути подоцна Хал го удвои водството на Њукасл.

Во второто полувреме, Вилок со голот во 60-тата минута го постави конечниот резултат.

Интересно е што Њукасл во последните две рунди ги елиминира двата тима од Манчестер, претходно со 1:0 славеше против Сити.

- Оглас -

Најнови вести