Репрезентациите на Холандија и Грција ја продолжуваат мртвата трка за второто место во група во која Франција без конкуренција е прва. Холандија со пресврт победа од 1-2 ја совлада Ирска на гости. Домашните имаа водство после само девет минути игра, но Холандија уште во првото полувреме израмни, а потоа направи комплетен пресврт за голема победа.
Победа забележа и репрезентацијата на Грција која немаше мака во дуелот против Гибралтар на домашен терен и победи со убедливи 5-0. И Грција и Холандија сега имаат по 9 бода на втората и третата позиција на табелата.
Репрезентацијата на Србија забележа значајна победа од 1-3 на гостувањето кај Литванија со хет-трикот кој го постигна Александар Митровиќ. Победникот беше решен уште во првото полувреме, бидејќи Србија дојде до убедливи 0-3, а домашните до крајот на првиот дел само го намалија резултатот на 1-3, што на крајот се покажа и како конечен резултат. Со оваа победа Србија се израмни со Унгарија на врвот на табелата со по 10 бодови.
Резултати:
Казахстан – Северна Ирска 1-0
Фарски острови – Молдавија 0-1
Финска – Данска 0-1
Црна Гора – Бугарија 2-1
Албанија – Полска 2-0
Грција – Гибралтар 5-0
Ирска – Холандија 1-2
Литванија – Србија 1-3
Сан Марино – Словенија 0-4