Продолжува очајот на Борусија Дортмунд, загуби и од најслабиот тим во лигата (Видео)

Само четири дена откако Борусија Дортмунд блесна и со 3:0 го победи Спортинг во Лисабон во меч од нокаут фазата во Лигата на шампионите, Милионерите денеска се вратија на очајните резултати во домашното првенство.

Борусија Дортмунд загуби на гостувањето ка Бохум со 2:0, што секако е голем изненадување, ако се знае дека домашната екипа пред ова коло беше на дното на табелата со само 11 освоени бодови од 21 натпревар.

Иако Бохум е очаен според резултатите, денеска на најдобар можен начин ја искористи очајната форма на Борусија и со два гола во првото полувреме и тоа во период од 33 до 35 минута стигна до победа од 2:0 и да ја предаде фенерџиската позиција на Кил. Голот за 2:0 беше по една голема грешка на гостите и може да го видите ТУКА.

За Борусија Дортмунд ова беше пет порази во последните седум меча во Бундеслигат. Милионерите во овој период имаат и по едно реми и победа, што значи дека освои само четири од можните 21 бодови. Некогашниот шампион на Германија има само 29 бодови и е во втората половина од табелата во Бундеслигата.

Резултати од денешните дуели: Сент Паули – Фрајбург 0:1, Штутгарт – Волфсбург 1:2, Унион Берлин – Борусија Менхенгладбах 1:2, Бохум – Борусиија Дортмунд 2:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести