Манчестер јунајтед е елиминиран од Мидлзбро по подобро изведување на пенали (8:7) откако средбата по 120 минути заврши 1:1, во рамките на шеснаестина-финалето од ФА купот на Англија.
Во дополнителното време, домаќините не успеаја да го решат прашањето околу победникот, па така се замина на пенали.
А таму, двајцата голмани не успеаја да одбранат ниту еден удар, а трагичарот беше Еланга кој што промаши во осмата серија, со што само стави печат на катастрофалната претстава на домашниот тим пред своите навивачи.
Оваа пенал серија потсетуваше на таа против Вилјареал, каде што Давид де Геа не успеа да одбрани ниту еден од 11-те удари од белата точка, додека Шпанецот го промаши својот.
Лошите вести никако да сопрат за фановите на Црвените ѓаволи, кои најпрвин останаа шокирани од силувањето на Мејсон Гринвуд кој е обвинет за силување и обид за убиство, како и барањето на Џеси Лингард да биде одреден период надвор од тимот.
Сето ова се случува пред двомечот со Атлетико Мадрид во рамките на осмина-финалето од Лигата на шампионите.
Melambung jauh, terbang tinggi..pic.twitter.com/gcbx6sUmLt
— Extra Time Indonesia (@idextratime) February 4, 2022