Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ на дуелот против Унион Берлин во 45-тата минута не успеа да реализира пенал, со што продолжува проклетството на Кралевите оваа сезона. Четири пенали беа досудени за Реал Мадрид оваа сезона, два во Ла Лига, еден во Лигата на шампионите и еден на пријателскиот меч против Барселона.
Сите четири пенали ги промашија различни фудбалери. Против Каталонците не успеа да реализира Винисиус, во Ла Лига лоши изведувачи беа Родриго и Хоселу и вечерва Модриќ не успеа пеналот да го претвори во гол против Унион Берлин.
Воедно, Реал Мадрид се израмни на врвот по бројот на нереализирани пенали во Лигата на шампионите со Баерн Минхен, со по 13, додека Барселона сега е осамена на третото место со 12 утнатни удари од белата точка.
Последниот промашен пенал за Реал Мадрид во Лигата на шампионите беше во 2014-тата година, кога Кристијано Роналдо не успеа да реализира против Лудогорец во Софија.