18.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Продолжува победничката серија на Де Роси на клупата на Рома

1134 Брентфорд – Манчестер сити (21.00 часот)

Манчестер сити се наоѓа во серија од четири победи по ред во Премиер лигата и со вчерашниот пораз на Ливерпул има одлична шанса да врати на првото место на табелата бидејќи има пет бода помалку од Црвените и два меча помалку.

Бретфорд во последното коло загуби од Тотенхем со 3:2, но со завршувањето на суспензијата на Ајвон Тони, екипата на сите мечеви постигнува голови. Минатата сезона Бретфорд славеше со 1:0, но овојпат ситуацијата е поинаква, Граѓаните се комплетни, Ерлинг Халанд се врати на терените, а згора на тоа, бодовите му се потребни во битката за титулата и сигурно е дека менаџерот Хосеп Гвардиола нема да калкулира и ќе бара неговите фудбалери офанзивно да тргнат од првата минута.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (2.04)

 

1363 Рајо Ваљекано – Севиља (21.00 часот)

Тимот на Столе Димитриевски, Рајо Ваљекано, ќе го затвори колото во Ла Лига со дуелот со најголемото разочарување сезонава, Севиља. Рајо во минатото коло со гол во финишот загуби од Атлетико Мадрид, додека Севиља ремизира со Осасуна играјќи 1:1. Во меѓусебните дуели, головите се редовни, а на последните четири меча на кои Рајо е домаќин и двата тима постигнувале голови. За очекување е и вечерва и Рајо и Севиља да ја продолжат традицијата.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.55)

 

3612 Рома – Каљари (20.45 часот)

Рома со новиот тренер Даниеле де Роси тргна одлично, славеше на двата меча против Салернитана и Верона со идентични 2:1 и е фаворит да ги освои бодовите и вечерва. Каљари има два порази по ред и се наоѓа во опасната зона. Последните два меѓусебни меча во Серија А кои се играа на „Олимпико“ завршија со идентични 3:2 за Рома.

Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.45)

 

2850 ФЦСБ – Фарул (19.00 часот)

Ова е дерби на колото во романскиот шампионат, и тоа меѓу екипи кои се наоѓаат на првото и на петтото место. ФЦСБ (поранешна Стеауа) и Фарул славеа на двата меча кои ги одиграа во 2024 година, но лидерот беше поубедлив постигнувајќи седум гола, а притоа не прими ниту еден. Головите се задолжителни кога играат овие два тима меѓу себе, но поблиску до победата е ФЦСБ, која игра пред своите гледачи. Во првиот дел од сезоната победи ФЦСБ со 1:0, и тоа како гостин, а минатата сезона пред своите гледачи славеше со 2:1.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.75)

 

1648 Јонг Утрехт – Јонг Ајакс (20.00 часот)

Прва асоцијација за Втората холандска лига се головите и за очекување е тоа на дело да го покажат екипите на Јонг Утрехт и Јонг Ајакс. Двата тима се наоѓаат во долниот дел од табелата, Јонг Ајакс е 15-ти со гол-разлика 36:44 по 23 кола, додека Јонг Утрехт е 17-ти и има гол-разлика 19:41. Јонг Утрехт на последниот меч на домашен терен одигра без голови со Венло, но затоа претходно загуби од Јонг ПСВ во меч на којшто беа постигнати седум гола (2:5). Вториот тим на Ајакс пред пет дена одига 2:2 против Дордрехт.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)

- Оглас -

Најнови вести