Продолжува победничката серија на Јувентус

1451 Валенсија – Бетис (20:00 ч.)

Во еден од најинтересните натпревари во 14-тото коло во Ла Лига играат Валенсија и Бетис. Валенсија не игра според очекувањата на навивачите и се наоѓа во серија од пет меча без победа, додека Бетис е петти на табелата и евентуална победа ќе го искачи на третото место.
Двете екипи во меѓусебните дуели редовно постигнуваат голови, на последните 10 меча само еден завршил со еден постигнат гол. За очекување е и традицијата на ефикасни натпревари, просечно даваат по три гола по меч, да продолжи и вечерва.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.20)

 

1452 Реал Мадрид – Кадис (21:30 ч.)

Реал Мадрид е апсолутен фаворит во мечот со Кадис на кој ќе сака што побрзо да се врати на победничките патеки. Кралевите во последните два меча имаат пораз и реми и паднаа на второто место на табелата со пет бода зад Барселона. Од друга страна, Кадис е претпоследен на табелата со 11 бода и на последните седум меча има само една победа, таа над Атлетико Мадрид.

Предлог тип: 1+ I & 2+ II (2.07)

 

3772 Лацио – Монца (20:45 ч.)

Лацио изминатиот викенд славеше во римското дерби против Рома и се искачи на третото место на табелата во Серија А. Монца е идеален противник за Лацијалите со нови три бода да се израмнат со Милан на втората позиција. Монца по слабиот старт, во последно време игра многу подобро и успеа да го земе скалпот на екипи како Јувентус, Удинезе, Верона, но прашање е дали може да ги издржи нападите на Лацијалите.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.11)

 

3771 Верона – Јувентус (18:30 ч.)

Јувентус конечно почна да остварува резултати какви што очекуваат неговите навивачи и се наоѓа во серија од четири победи по ред. Најзначаен триумф е последниот, тој во „Дербито на Италија“ против Интер и играчите на Старата дама сигурно би сакале да ја продолжат оваа победничка серија. Верона е последна на табелата само со пет освоени бода на 13 меча и има осум порази во низа во Серија А.

Предлог тип: 2 & 0-4 (1.88)

 

2912 Магдебург – Дармштад (20:30 ч.)

Ова е дуел на тим од долниот дел на табелата со лидерот, а двете екипи се расположени за давање голови. Магдебург е 14-ти на табелата со гол-разлика 19:29, додека лидерот Дармштад има само еден пораз во 15 меча и гол-разлика 25:14, што е показател дека вечерва треба да се очекуваат голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.84)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести