27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Продолжува проклетството на Дибала пред важни европски мечеви

Јувентус на утрешното гостување кај Вилјареал од Лигата на шампионите ќе биде ослабен со неиграњето на Пауло Дибала и со тоа продолжува проклетството на Аргентинецот, кој се повредува пред речиси секој важен натпревар во ЛШ.

Дибала откако дојде во Јуве од Палермо во 2015 година, честопати се соочува со малери во клучни моменти за Старата дама.

Во 2015/2016, Дибала даде гол против Баерн на првиот меч, но го пропушти реваншот и Јуве беше елиминиран.

Следната сезона, Дибала немаше голем придонес во полуфиналињата и финалето, но сепак играше. Во сезоната 2017/2018 беше исклучен во првиот четвртфинален дуел против Реал Мадрид.

Една година подоцна, беше недоволно залечен и играше вкупно 60 минути на двата меча против Ајакс од четвртфиналето. Потоа имаше проблем и во осминафиналето против Лион, па играше само 13 минути.

Во минатата сезона, Дибала остана на клупа против Порто во првото осминафинале, а на реваншот не можеше да игра поради повреда.

- Оглас -

Најнови вести