Продолжува проклетството на Мајнц: Седми натпревар по ред не знаат за победа во Бундес лигата (Видео)

Екипите на Борусија Менхенгладбах и Мајц одиграа возбудливо реми, 2-2, кое гостите ги остави на дното на табелата во Бундес лигата и без победа и после седум натпревари.

Менхенгладбах поведе преку Нојхаус во 22-рата минута, но Груда израмни само две минути подоцна.

Мароканецот Ајмен Баркок со гол во 75-тата минута направи комплетен пресврт и го доведе Мајнц во водство од 1-2.

Гостите беа многу блиску до победата, од која ги делеа само две минути. Конечните 2-2 ги постави Џо Скели во 88-мата минута со вистински еврогол од далечина.

 

- Оглас -

Најнови вести