Продолжува реконструкцијата во Челзи: Хит напаѓач пристигнува на “Стемфорд Бриџ“

Екипата на Челзи продолжува со големите промени во составот за следната сезона. Дури 13 играчи до сега си заминаа од “Стемфорд Бриџ“, а најавено е дека ќе пристигне и петтото летно засилување.

Се работи за хитот на француското првенство, 20-годишниот напаѓач на Монпење, Еле Ваи. Тој минатата сезона постигна дури 19 голови, а претходната 10 пати се запиша во листата на стрелците.

Неговата моментална вредност е 35 милиони евра, колку што треба да изнесува и обесштетувањето кое Челзи ќе му го плати на Монпеље.

- Оглас -

Најнови вести