Продолжува сагата на Барселона, Олмо уште не смее да игра

Со заминувањето на Илкај Гундоган од Барселона, буџетот на каталонскиот гигант се намали за 18,75 милиони евра, колку што беше платата на ѕвездата која се врати во Манчестер сити. Сепак, и ова намалување на трошоците не е доволно за да може каталонскиот гигант да добие „зелено светло“ да го регистрира Дани Олмо.

Секој клуб во Шпанија предвреме знае колку пари може да потроши за плати на фудбалерите за наредната сезона, а Барселона е далеку над тој износ, па затоа Олмо уште не може да дебитира за новиот клуб.

Од Барселона си замина и Витор Роке, но и тоа не е доволно за регистрација на Олмо. Пресметките велат дека треба да биде продаден и Микеј Фаје за да се ослободи финансиски простор и Олмо да биде регистриран како играч на каталонскиот гигант. За Фаје се интересираат екипите на ПСВ, Лил и Рен.

Барселона следниот меч ќе го игра пред своите навивачи в сабота, против Атлетик Билбао, а Олмо најверојатно нема да биде во составот.

- Оглас -

Најнови вести