Атлетик Билбао забележа уште една победа во борбата за излез во Европа. Баскискиот клуб сега е многу блиску до излез во фудбалска Европа, откако на последните на пет натпревари забележа четири победи и еден нерешен резултат.
Нова жртва на Атлетик беше екипата на Алмерија, која беше поразена со 1-2. Резултатот го отвори Вилиамс уште во 9-тата минута.
На 0-2 зголеми де Маркос во 56-тата со што победата на Атлетик беше речиси осигурана. Почесниот погодок за домашната екипа беше дело на Сентелас во втората минута од судиското надополнување на регуларните 90.
Атлетик Билбао со оваа победа дојде на само бод од Виљареал, додека Алмерија останува прва во сигурната зона, со предност од само два поени пред Еспањол.