Возбудувањата во Лигата на шампионите продолжуваат и денеска, а тоа е знак дека и денешните Квоти на денот се со средби од елитната лига на УЕФА. Ако сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 47.12.
Лајпциг е домаќин на Спортинг Лисабон во меч на кој домаќините немаат шанси да одат во следната фаза, додека за гостите овој меч е многу значаен. Двата тима се офанзивно настроени и треба да се очекуваат погодоци, и тоа од еден од три гола во првото полувреме, а на крајот да биде 3+ за да биде добитна квотата од точно два.
Пари Сен Жермен и Манчестер сити ќе играат во дербито на денот и тука треба да има голови, и тоа најмалку четири и да се тресат мрежите на двата тима. Оваа комбинација се вреднува со коефициент од 2.55.
Баерн Минхен гостува кај Феенорд, а германскиот гигант потребно е да води на полувремето и на крајот да победи во дуел на кој ќе има најмалку два гола за да биде добитна квотата од 2.20.
Милан треба да брка победа на „Сан Сиро“ против Жирона, а освен „кецот“, потребно е да има најмалку еден погодок во првото полувреме. Оваа комбинација е со квота од точно два.
Последниот меч од понудата е меѓу Спарта Прага и Интер. Нераѕурите се големи фаворити и потребно е гостите да постигнуваат барем по еден погодок во двете полувремиња, а оваа игра носи квота од 2.10.