Нов голем трансфер е на чекор од реализација во првенството во Саудиска Арабија. Како што пренесуваат светските медиуми, Мауро Икарди се договорил со Ал-Тавон и следните две сезони ќе настапува во првенството на Саудиска Арабија за годишна плата од 27,5 милиони евра.
Со него секако дека ќе патува и атрактивната Ванда Нара, па овој трансфер и тоа како добива на тежина и публицитет со оглед на начинот на живот, но и на облекувањето на сопругата на фудбалерот. Во Саудиска Арабија важат строги правила околу начинот на живот и облекување, но Кристијано Роналдо и Георгина се најголем доказ дека правилата важат само за обичниот народ, а не и за големите ѕвезди.
Аргентинецот последната сезона ја мина како позајмен во екипата на Галатасарај, но сè уште е под договор со ПСЖ, па и Светците ќе имаат корист од овој трансфер бидејќи обесштетувањето изнесува 17 милиони евра.
Триесетгодишниот Икарди во Саудиска Арабија ќе им се придружи на Кристијано Роналдо, Бензема, Канте … и следната сезона ќе биде навистина интересна.