Фудбалските срца од утре ќе ги грее и Северот на Европа, а се приклучува уште едно првенство што беше прекинато во март поради пандемијата со корона-вирусот.
Естонците повторно се враќаат на теренот со три меча што ќе се играат во вечерни термини од 18 и од 18.30 часот. Одиграа само едно коло во новиот шампионат на 6 и на 7 март, а потоа следуваше прекин поради опасниот вирус.
Шампионската круна ја брани Флора од Талин, екипа што стартуваше со победа во првата рунда, а камбекот по повеќе од два месеци ќе го почне задутре, со дуелот против Тамека.
Утре од 18 часот рестартирањето на популарната Мејстрилига ќе го означат дуелите меѓу Куресаре и Номе Калју и Легион со вицешампионот Левадија.
Половина час подоцна ќе играат и Паиде против Тулевик, за рестартирање на уште едно фудбалско првенсто во Европа.
Натпреварите ќе се играат без публика поради пандемијата со ковид-19.