18.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Продолжува „војната“ меѓу миланските и римските екипи за пласман во Лигата на шампионите

Во новото коло од Спортска прогноза повторно како најголем предизвик ќе биде да се погодат двете дерби-средби во италијанската Серија А меѓу двата гиганти од Милано и двата гиганти од Рим.

Во минатото коло Рома и Милан ремизираа 1:1, а Интер со 3:1 го победи Лацио, а во новата понуда на ред се пресметките меѓу Милан – Лацио и Рома – Интер. Според досегашните направени прогнози, Милан без многу проблеми треба да слави над Лацио бидејќи во „кец“ веруваат дури 77 отсто од прогнозерите.

Многу поподелени се прогнозерите за дербито на „Олимпико“ меѓу Рома и Интер, каде што над 46 отсто очекуваат да биде нерешено.

Освен овие два дерби-дуела, во понудата има уште 11 средби од Топ 5 лигите во Европа, а ќе биде интересно како ќе заврши дуелот меѓу Њукасл и Арсенал во Премиер лигата.

Како секое коло, така и во ова најголем предизвик е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат сите 13 понудени натпревари.

Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X)
– Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари.
– Прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести