22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Продолжува војната на релација Барселона – Мадрид, Кралевите обвинети за загадување на околината

Актуелниот европски и шпански шампион, Реал Мадрид вечерва ги продолжува настапите во Ла Лига, а со еден потег предизвикаа рекација во јавноста, посебно таа од Каталонија, која ги обвини Кралевите дека ја загадуваат околината.

Реал Мадрид денеска во рамки на 15-то коло од Ла Лига, му гостува на Валјадалид (21.30 ч.), град кој е 190 километри оддалечен од главниот град на Шпанија, а ќе патува со авион. Летот би траел 20-тина минути, а потоа фудбалерите на Реал Мадрид би морале да патуваат околу 15 километри со автобус до стадионот.

За медиумите, посебно за каталонскиот „Мундо Депортиво“, нелогично е да се загадува околината патувајќи со авион, кога за 50-тина минути со брз воз би пристигнале во Валјадолид.

- Оглас -

Најнови вести