Реал Мадрид славеше со 2-1 на гостувањето кај Сосиедад, а од таборот на Кралевите по мечот можеа да се слушнат низа коментари на сметка на судиите. Но, се чини дека стигна и одмаздата за ваквото однесување.
Антидопинг екипите на Ла Лига со неколку комбиња пристигнаа во тренинг-центарот на Реал Мадрид на вонредно тестирање, а ваквиот потег уште повеќе ги разбесни Кралевите.
Поради тестовите, тренигот мораше да биде презакажан, а одложена беше и прес-конференцијата. Реал Мадрид во вторник игра против Марсеј во Лигата на шампионите, па потегот на Ла Лига воопшто не им се допаднал и на луѓето во УЕФА.
Шпанскиот весник „Марка“ за случувањата во тренинг-центарот на Реал Мадрид напиша: „Вампирите од Ла Лига повторно дојдоа“.