Продолжуваат маките на Англичаните со ковид-19 – Одложен е и мечот Евертон – Њукасл

Продолжуваат маките на Англичаните со новиот сој на корона-вирус, омикрон, и во Премиер лигата е одложен нов меч.

Задутре на „Гудисон парк“ нема да играат Евертон и Њукасл поради поголем број на заразени во таборот на популарните Карамели.

https://twitter.com/NUFC/status/1475929355209555971?s=20

За Евертон ова е втор меч по ред што е одложен откако не играа ниту против Барнли на Боксинг деј пред два дена.

Ова е само уште еден од пролонгираните мечеви во серија во последно време во Премиер лигата поради корона-вирус.

 

- Оглас -

Најнови вести