Спортскиот директор на Наполи, Кристиано Гинтоли, сосема извесно после завршувањето на оваа сезона ќе има истата функција, но во екипата на Јувентус. Човекот кој важи за фудбалска енциклопедија во Италија и ги знае главните карактериските на речиси сите фудбалери, направи шампионска екипа со Наполи, откако ги доведе Кваратшкелија, Осимен и Ким.
Сепак, еден човек воопшто не е задоволен од неговиот трансфер во Јувентус. Тоа е тренерот на “старата дама“ Масимилијано Алегри, кој смета дека со доведувањето на Гинтоли ќе се намалат неговите ингеренции во составувањето на екипата за наредната сезона.
И самиот Гинтоли не е среќен што ќе мора да соработува со Алегри и токму неговиот прв потег ќе биде да се доведе нов тренер во Јувентус со кој ќе се склопуваат шампионските коцки за следната сезона.