Мечот на „Гудисон парк“ беше многу важен за двата тима. Евертон се бори за опстанок, а Тотенхем мечтае за позиција која води во Лигата на шампиони. Гостите беа во позиција да ги освојат трите бода бидејќи водеа со 1:0 до 90 минута, но Евертон покажа дека никогаш не се предава.
Мајкл Кин со фантастичен гол од преку 25 метри погоди за 1:1, што беше доволно за Евертон да го освои 27-миот бод сезонава, што е доволно за 15 место на табелата. Голема ќе биде битката за опстанок, ако се знае дека претпоследниот Лестер има 25 бодови, а 13-тиот Вулверхемптон е со 28 бодови.
MICHAEL KEANE STOP THAT#EVETOT pic.twitter.com/hWvN5JVsPV
— 101 Great Goals (@101greatgoals) April 3, 2023
На овој меч беа доделени по еден црвен картон за двата тима, а интересно беше тоа што во 26 минтуа, судијата го прекина дуелот за да може фудбалерите од исламска вероисповед да може да се напијат вода, бидејќи тие сега се наоѓаат во рамазанските пости.
Play was paused in the Premier League during the Tottenham vs. Everton game so that those participating in Ramadan could break their fast. pic.twitter.com/SYABRhSMqf
— ESPN FC (@ESPNFC) April 3, 2023