Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, уште еднаш потврди дека е вистински мајстор за слободни удари, постигнувајќи атрактивен погодок во турското првенство.
На натпреварот меѓу Аланијаспор и Коњаспор, во 83-тата минута Барди изведе вистинска мајсторија од прекин. Неговиот удар беше прецизен и неодбранлив, а голманот остана нем сведок на прекрасниот погодок, без никаква можност да интервенира.
Сепак, и покрај убавиот гол на македонскиот репрезентативец, на крајот радоста им припадна на домаќините. Аланијаспор славеше со 2-1 во рамките на Суперлига на Турција, па погодокот на Барди послужи само за ублажување на поразот и лична сатисфакција.

