Проектилот на Роналдо патуваше 105 километри на час! (видео)

Јувентус вчера славеше на гостувањето кај Џенова со сигурни 3-1 за чекор поблиску до нова титула во Серија А. Дибала, Роналдо и Даглас Коста се запишаа во листата на стрелците за тимот на Маурицио Сари откако Бјанконерите доминираа во второто полувреме.

Само шест минути по водечкиот гол на Дибала, Роналдо зголеми на 2-0 постигнувајќи фантастичен гол од далечина карактерестичен за португалската мегаѕвезда. Во соло продор, Роналдо изгради простор за силен удар од околу 25 метри, по што топката достигна брзина од 105 километри на час пред да ја затресе мрежата на Перин.

https://www.youtube.com/watch?v=8c4dCRlDW1I

- Оглас -

Најнови вести