Неверојатно добар почеток на Ливерпул во второто полувреме во дербито против Челзи. „Црвените“ за две минути постигнаа два гола, а вториот погодок во изведба на Мохамед Салах е фудбалска мајсторија.
„Фараонот“ во 53-тата минута ја затресе мрежата на својот поранешен клуб за потполна рапсодија на „Енфилд“, а две минути претходно Мане беше човекот кој донесе предност за домаќините.
https://www.dailymotion.com/video/x75twdd