27.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Проекциите покажуваат дека Македонија нема да има тим во лигашката фаза од Конференциската лига

Платформата за фудбалска статистика и симулации Football Meets Data направи проекции која земја колку тимови ќе има во лигашката фаза во Конференциската лига, а на листата ја нема Македонија.

Во моментов најблиску до место во главната фаза на Конференциската лига е Шкендија, која треба да ја елиминира Стеауа Букурешт во следното коло од квалификациите во Лигата на шампионите за да има загарантирано место меѓу 36-те тима во лигата на КЛ.

Вардар, кој би требало да го мине првото квалификациско коло против Ла Фиорита, за да дојде до лигашката фаза, ќе мора да мине уште три пречки, од кои првата ќе му биде швајцарската Лозана. Интересно е дека меѓу земјите за кои е пресметано дека ќе имаат тим во лигата на КЛ ја нема ни Швајцарија, што значи се предвидува Вардар или Лозана да бидат елиминирани во некое од следните квалификациски кола.

Во квалификациите учествуваат и Работнички и Силекс, кои утре имаат тешка задача да надоместат три, односно два гола негатива за да дојдат до второто квалификациско коло.

- Оглас -

Најнови вести