Норик Авдалјан, кој игра за тимот на Рубин во Медија лигата во Русија, постигна необичен, а спектакуларен гол од пенал.
Тој истовремено и ја шутна топката и направи салто. Надмудрениот голман се чудеше каква фитна му беше направена.
Норик по третпат дава гол од пенал на ваков начин, а вчера изјави дека имал среќа што голманот веќе тргнал на едната страна, бидејќи ако останел во место, веројатно ќе одбранел.