Прогласен петдневен „локдаун“ во Мелбурн, непријатна вест за Отвореното првенство на Австралија

Австралиската сојузна држава Викторија прогласи петдневен „локдаун“, а тоа значи дека движењето низ градот Мелбурн ќе биде ограничено, па од утре нема да има публика на трибините на тенискиот гренслем Отворено првенство на Австралија. Ова значи дека фановите на трибините би се вратиле најрано за четвртфиналето.

Во Мелбурн има нови случаи на британската мутација на корона-вирусот, тие се појавија во хотелот на аеродромот, некои од нив се локални жители, па се преземаат секакви мерки за спречување на ширењето на опасната зараза. Со ограничувањата, на луѓето им се дозволува да го напуштат домот само за медицинска помош, пазарување на основни продукти, за одење на работа и физичка активност во рамките на два часа дневно.

Професионалните спортски натпревари, вклучително и Отвореното првенство на Австралија, ќе продолжат, но без публика. На оние навивачи кои имале билети за мечевите кои ќе се играат од 13 до 18 февруари ќе им бидат вратени парите.

- Оглас -

Најнови вести