16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Прогнозата е „дожд од голови“ во Дортмунд, време е Удинезе да се израдува

3627 Удинезе – Каљари (21 ч.)

Удинезе едноставно како да заборави што е тоа победа, па во последните 11 меча има дури осум нерешени и три порази. Токму овој меч против Каљари во Купот на Италија може да е добра шанса да се прекине лошата низа. Дури осум од последните 10 меча на Удинезе се со не повеќе од два гола.

Каљари пред три дена на чудесен начин стигна до првата победа по пауза од три месеца, откако со 4:3 славеше над Фрозиноне. Ова е меч на две екипи кои ќе се борат за опстанок во Серија А и треба да биде неизвесно околу патникот во следната фаза од Купот.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.10)

 

1028 Флитвуд – Блекпул (20:45 ч.)

Меч од третата англиска лига (Лига еден), а двете екипи се со различни амбиции. Флитвуд има само 12 бода од 14 средби и е во зоната за испаѓање, а Блекпул верува дека може да се бори за место кое води во повисок ранг.

Тоа што е крактеристично за поселедните четири дуела на овие два клуба е дека дури трипати било без голови, а само еднаш е 1:0 за Блекпул, што значи дека во 360 минути имало само еден погодок.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.45)

 

2880 Борусија Дортмунд – Хофенхајм (18 ч.)

Дерби на 16-финалето во Купот на Германија. Борусија сезонава нема пораз во Германија, а Хофенхајм е без реми. Двете екипи негуваат офанзивен и отворен фудбал, што треба да е најава за натпревар со повеќе погодоци.

На четири од последните шест меча на овие два клуба имало барем по четири погодоци и се треселе мрежите на двете страни.

Предлог тип: 4+ (1.77)

 

1242 Селтик – Сент Мирен (20:45 ч.)

Сент Мирен е најпријатното изненадување сезонава во Шкотска и овој тим е на третото место на табелата со 18 бода од девет меча. Сепак, Селтик е лидер со освоени 26 бода од можни 30 и на свој терен ништо друго освен победа не е опција за шампионот.

На шест од последните девет меча на овие ривали имало барем по четири гола, а дури трипати во овој период се играле средби со 6+ погодоци. Ова е најава дека повторно може да очекуваме „дожд од голови“.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.66)

 

4806 Бохемијанс – Спарта Прага (17:30 ч.)

Меч од Купот на Чешка, а гостите се во улога на фаворити. Спарта има четири победи и две нерешени во последните шест меча со овој ривал и интересно е дека сите шест средби завршиле со гол-гол, односно погодоци на двете страни.

Нема сомнеж дека Спарта атакува дури и на освојување на трофејот во Купот и затоа гостите нема што да калкулираат и треба да победат.

Предлог тип: Т2 1+ I & 1+II (2.08)

 

- Оглас -

Најнови вести