Прогнозер од Кичево пет дена чекаше и дочека добивка од безмалку 5.000 евра

Чекањето од неколку дена некогаш се исплати доколку сте убедени дека имате добитна комбинација и правилен избор на типувани натпревари. Доказ за тоа е еден прогнозер кој на 10 септември уплатил „споровозен“ тикет во обложувалница на Sport Life, играл мечеви кои се играа и тој ден, но и вчера.

На добитниот тикет за кој се исплатени 296.589 денари има 11 фудбалски парови, а уплатата е само 40 денари. Бонусот е во износ од 21.969 денари.

Прогнозерот погодил дека на мечот Англија – Косово (5-3) ќе паднат барем четири гола, дека на Луксембург – Србија (1-3) и Црна Гора – Чешка (0-3) ќе има најмалку три погодоци, а на Украина – Нигерија (2-2) барем два гола. Погоден е и „кецот со 3+“ на Република Ирска – Бугарија, како и дека ќе има четири гола на пресметката на селекциите до 19 години на Белгија и Чешка (2-2). Најкритична од овие му беше средбата во Подгорица, каде што Чесите својот трети гол го дадоа дури во 94-тата минута од пенал.

Откако тикетот го преживеа вторникот, следуваа саботните мечеви. Му требаа по два гола на Тотенхем и Барса во првите полувремиња, па и тоа се оствари без проблем. Тотенхем му даде 4 на Кристал палас, а Барса за седум минути ја реши Валенсија. Немаше препотување ниту околу прогнозата дека на Реал – Леванте ќе има четири гола, од кои барем два во првото полувреме.

Добивката беше на повидок и во неделата се чекаше да паднат три или повеќе гола на мечевите Џенова – Аталанта и Рома – Сасуоло. Рома до 22-рата минута даде три гола, но вистинска драма имаше во Џенова, каде што до 91-вата минута резултатот беше 0-1. Кришито изедначи од пенал, а големата радост во Бергамо и во Кичево ја донесе Запата со гол во 95-тата минута.

МАЈСТОР ЗА ГЕРМАНСКИ РЕГИОНАЛЕН ФУДБАЛ, ПОГОДИ ТРИ ПАРА И СО 50 ДЕНАРИ УПЛАТА, ЛАПНА 122.400

Во Скопје, на уплатното место на Sport Life на познатата улица „Водњанска“, еден прогнозер уплатил 50 денари само на три меча и сега е побогат за 122.400 денари. Овој мајстор на типувањето за мечеви од германската Регионална лига запад погоди три типа за кои квотите беа одлични, од 12 и 17.

Играта е дека на трите меча ќе биде ГГ и во првото и во второто полувреме. Ферл и вториот тим на Борусија Менхенгладбах завршија 5-3, Хомберг и Фортуна Диселдорф 2 одиграа 2-4, а Липштад 08 и Есен исто така 2-4.

БОНУСОТ ЈА ЗБОГАТИ „РУТИНСКАТА“ ДОБИВКА НА ЕДЕН ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ

Во Гевгелија вчера еден прогнозер се израдува на добивка од 127.150 денари, од кои 14.627 се бонус. Уплатата е 160 денари, а прогнозирани се 15 фудбалски мечеви од разни лиги низ Европа. Гевгеличанецот типувал на голови, поточно на игрите ГГ (дека двата тима ќе дадат гол) и Т1 2+ (дека домашните ќе дадат два гола). Квотите се движат од 1.26 до 2.08.

Сите мечеви се играни во недела, а според резултатите и минутитите кога паднаа головите, овој прогнозер немал поголеми проблеми.

ГОСТИВАРЕЦ ПОГОДИ ОСУМ МЕЧА ПОЛУВРЕМЕ-КРАЈ

Добитен тикет вреден за спомнување има и во Гостивар. Добивката изнесува 102.008 денари, а уплатата е 150 денари, додека бонусот е 2.000 денари.

На осум фудбалски меча погодени се исходите на полувреме и крај.

Голема радост во неделата вечерта во Гостивар донесе Маркано од Порто, кој со гол во 98-мата минута му донесе победа на својот тим, а со тоа и се најави дека тикетот ќе биде добитен. Порто водеше на полувреме, па Портимоненсе изедначи на 2-2, пред драмата да финишира со хепиенд за прогнозерот од Гостивар. Рано утрово гостиварецот се разбуди со добивка од над 100 илјади, откако виде дека Бока го победи Естудијантес со предност и по првите 45 минути.

- Оглас -

Најнови вести