20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Прогнозери подгответе се: Најголемото дерби во светот е на менито, а „бонус“ е Ливерпул – Сити

Спектакуларно треба да биде деветото коло на Спортска прогноза, бидејќи има неколку атрактивни дуели како предизвик да се погоди „фиксот“. Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ е домаќин на Барселона во најголемото дерби во светот, популарното „Ел Класико“. По осум кола, Реал и Барселона имаат освоено по 22 бодови и веќе имаат пет бода плус во однос на третиот Атлетик Билбао.

Освен „Ел Класико“ викендов ќе се игра и дербито меѓу двете екипи кои доминираат во Премиер лигата во изминативе неколку години, Манчестер сити и Ливерпул. Дербито ќе се игра на теренот на Граѓаните, а тимот на Пеп Гвардиола е и фаворит за победа.

Во Италија се игра граското дерби меѓу Торино и Јувентус, а во Бундеслигата ќе биде интересно на дуелот меѓу лидерот на табелата Унион Берлин и Борусија Дортмунд. Вкупно 13 мечеви се на понудата, а предивик за секој прогнозер е да стигне до Среќна 13-ка, односно да ги погоди фиксовите на сите натпревари.

Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X). Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие што ќе имаат 11 погодени натпревари ќе добијат ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести