Прогнозерите беа успешни викендов, четворица имаат 11-ки и освоија ваучери

Осумнаесеттото коло сезонава на Спортска прогноза донесе четворица добитници на ваучери од Sport Life во вредност од 500 денари откако тие погодија по 11 пара од 13-ката, која се најде во основната понуда.

Борче И., Гита Д., Стојна С. и Фарук Џ. имаат 11-ки и ќе добијат по 500 денари на своите СЛ картички. Еден погодок им фалеше на 22-ца прогнозери кои погодија по 10 пара од викенд-понудата.

Поразот на Монца од Верона беше кобен за многумина играчи во ова коло. Дури 71 отсто типуваа победа на Монца, а само 8,38 проценти од прогнозерите ја предвидоа победата на гостите. Четворицата кои имаа 11-ки типувале кец на Монца. Ако Монца победеше, ќе имаше четири 12-ки во ова коло, а и бројот на 11-ки ќе беше малку поголем.

Паровите за новото коло ќе ги објавиме утре, во стандардниот термин од 14 часот.

Инаку, во трката во генералниот пласман во моментов води Мирјана Ѓ. со 119 поени, пет повеќе од Мирче М. и Дејан С.

- Оглас -

Најнови вести