Новото, трето коло од Спортска прогноза се игра викендов, каде што нè очекуваат неколку супер интересни натпревари.
Прогнозерите од вчера веќе ги прават своите типувања со надеж дека ќе имаат 13 добитни парови и каде за подарок ќе може да си одберат Смарт ТВ Самсунг 55″ 4К, Xiaomi Електричен тротинет или пак X Box Series X.
Еден од највозбудливите средби викендов се игра во сабота од 18 часот, каде што ќе се сретнат големите градски ривали Милан и Интер. На „Сан Сиро“ ќе се одигра новото Дерби дела Мадонина, а овојпат ќе биде доминантна црно-црвената боја.
Најголем дел од прогнозерите, односно 46,4% сметаат дека нема да има победник на оваа средба, додека во триумф на Росоњерите веруваат 31,96 отсто.
Двојка на оваа средба предвидуваат 21,57 отсто од играчите. Како што е добро познато, покрај прекрасните подароци напоменати погоре за 13 погодоени парови, доколку имате една утка следува ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека со два промашени натпревари ќе добиете ваучер во вредност од 500 денари.
За да учествувате во оваа бесплатна игра во режија на Спорт Манија и Sport Life, потребно е да иматe SL клуб картичка за којашто можете бесплатно да аплицирате во некој од уплатните објекти на Sport Life.