Денес е претпоследниот ден за приложување на прогнозите во најновото 23-то коло на Спортска прогноза. Во него дерби-натпреварите од италијанската Серија А се предизвик за прогнозерите кои атакуваат на премијата „ајфон 11“.
Повеќето прогнозери го кажаа своето, Јувентус ќе триумфира на гостувањето кај Наполи и Елиф Елмас, додека Интер нема да дозволи изненадување на „Џузепе Меаца“ против Лацио.
Речиси 60% од учесниците својата доверба ја дадоа на Бјанконерите, а скоро 80% од прогнозерите се сигурни дека Нераѕурите ќе го одбранат домашниот терен.
За прогносирање имате вкупно 13 парови и доколку успеете да ги погодите сите, ќе бидете добитник на мобилен телефон „ајфон 11“. Со 12 и 11 погодоци ви следуваат вредносни ваучери во Sport Life од по 1.000, односно 500 денари.
Исклучително возбудлива е и трката за шампион во Генералниот пласман, а разликата во Топ-20 меѓу лидерот и конкурентите за конечна победа во сезоната е само 7 поени разлика.
Наградата за најдобриот прогнозер во третата сезона на Спортска прогноза е ТВ Смарт од 48 инчи, а награди и многу поени за пазарување во СЛ маркетот ќе добијат најдобрите пет учесници по завршувањето на овој циклус на бесплатната игра.
Не чекајте, направете ги вашите прогнози во ова коло!