Прогнозерите го носат Јуве во ЛШ, а му гарантираат куп-трофеј на Челзи

Последното коло на Спортска прогноза е во тек за прогнозирање во обидот да се погоди популарната Тринаесетка и да се освои прекрасниот „ајфон 11“. Третата сезона на бесплатната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life влегува во самиот финиш и завршува со 36-тото коло викендов.

Во него има доста интересни дуели, а пред сè во фокусот е дербито на Италија во кое прогнозерите очекуваат победа на Јувентус против новиот шампион Интер. Бјанконерите бркаат пласман во Лигата на шампионите, па поради тоа мнозинството учесници, или речиси 55% од нив прогнозираа „кец“ во корист на Роналдо и дружината.

Во Англија се игра финалето на најстариот куп во светот, а Челзи како фаворит против Лестер би требало да се закити со пехарот кое ќе биде мотив и за финалето во ЛШ две недели подоцна. Тука прогнозерите издоминираа со 76,23% за „кец“, додека нешто повеќе од 6% веруваат во изненадување на Лисиците.

Погодена Тринаесетка се наградува со „ајфон 11“, со еден промашен пар или погодени 12 двојки се добива ваучер од 1.000 денари, што може да се искористи во Sport Life, а и со две утки следува награда, ваучер од 500 денари.

Во последното коло од третата сезона на Спортска прогноза ќе се крои и завршниот изглед на табелата во Генералниот пласман. Шампионот ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а четворицата најуспешни зад него ќе бидат наградени со многу поени што ќе можат да ги искористат за пазарување во СЛ маркетот на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести