Помина половина од терминот за типување во 11-тото коло на популарната и бесплатна Спортска прогноза, а веќе е очигледно дека за првиот меч од основната понуда, дербито Манчестер сити – Ливерпул, мнозинството играчи си има свој фаворит.
Од оние што досега се изјасниле, дури 70,7 отсто прогнозирале победа на Граѓаните, а само 12,3 отсто веруваат во двојка и триумф на Црвените.
Најголема поделеност има кај паровите од италијанската Серија А, меѓу кои и дербито Јувентус – Интер, со кое ќе финишира колото. За популарното Дерби на Италија, засега 42 проценти прогнозирале нерешен исход, околу една третина се за победа на Јуве, а предност на Интер му даваат околу една четвртина од прогнозерите.
За тој што ќе ги погоди сите 13 исходи, добива можност да се одбере еден од трите понудени подароци: Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет или PlayStation®5.
Оние прогнозери кои ќе имаат по 12 погодоци, добиваат вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за две утки и 11 погодоци, ваучерот е со вредност 500 денари.
Секако, треба да се обидете да ги погодите и двата резервни пара, кои се бројат за рангирањето во генералниот пласман.