Прогнозерите имаат фаворит за мадридското дерби, но поделени се за мечеви во Лил и Лондон

На половина од периодот за типување за 17-тото коло на Спортската прогноза, прогнозерите кои досега се изјаснија, имаат свој фаворит на големото мадридско дерби, а тоа е Реал.

Од оние играчи кои досега типувале на 13-те меча од бесплатната игра, 63 проценти сметаат дека Реал ќе победи, додека победа на Атлетико прогнозирале само 8 отсто од прогнозерите.

Најголема поделеност има кај два меча: Лил – Лион и Кристал Палас – Евертон. За овие две средби, ниту еден исход не надминува над 40 проценти од прогнозите, и изедначеноста во типувањата на кец, двојка и икс, е доста голема.

Ако веќе не сте го направиле тоа, за да се вклучите во 17-тото коло имате време, а последниот термин за типување е сабота во 15.30 часот.

Покрај „ајфонот 12“ кој е премија за 13 погодоци, Sport Life го наградува и оние прогнозери со една и две утки. За 12-ка има ваучери од 1.000, а за 11 погодоци од ваучер од 500 денари.

На крајот од сезоната шампионот ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има награди и за сите пласирани во Топ-5.

 

 

- Оглас -

Најнови вести