Новото единаесетто коло на Спортска прогноза е во тек, типувањето на популарната Тринаесетка трае до сабота во 14 часот.
Во Тринаесетката се наоѓаат мечеви од четири од петте најсилни европски лиги, Премиер лигата, Ла Лига, Лига 1 и Бундеслигата, а во фокусот се очекува да бидат мечевите на Челзи, Олимпик Марсеј, како и дерби-пресметките меѓу Ајнтрахт и Борусија Дортмунд, Атлетик Билбао и Вилјареал, како и Олимпик Лион и Лил.
Досега прогнозерите најголема доверба имаат во Челзи, за кого 83 отсто сметаат дека ќе го победи Брајтон, како и во Марсеј, за кого 80 отсто веруваат дека ќе слави на гостувањето кај Стразбур и со тоа ќе ја прекине серијата од три порази.
За погоден максимален број парови од основната понуда, имате можност сами да си одбрете подарок од три варијанти:
Смарт Тв Самсунг 55” 4K
Xiaomi Електричен тротинет
X Box Series X
Sport Life и Спорт Манија стандардно ги наградуваат и утките, па со промашени два пара се добива ваучер од 500 денари, а за една утка ви следува ваучер од 1.000 денари.