Дербито во германската Бундеслига е „ѕвезда“ на 16-тото коло на Спортска прогноза, бесплатна наградна игра која ја организираат Sport Life и Спорт Манија.
В недела на „Ред Бул Арена“, тимот на македонскиот ррепрезентативец Елиф Елмас, Ред Бул Лајпциг ќе го пречека Баер Леверкузен кој засега има поголеми шанси за победа според прогнозерите.
На почетокот од зимскиот преоден рок, Елмас го напушти Наполи и во трансфер вреден 25 милиони евра се пресели во Ред Бул Лајпциг. Дијамантот првите минути во дресот на новиот тим ги одигра изминатиот викенд кога во финишот од мечот против Ајнтрахт (0:1) доби шанса од тренерот Марко Розе.
Засега прогнозерите имаат поголема доверба во Баер Леверкузен кој игра одлично сезонава и се наоѓа на првото место на табелата во Бундеслигата и е единствен тим кој нема пораз досега. Во триумф на Баер веруваат 40,36 отсто од прогнозерите, додека во Елмас и Ред Бул Лајпциг кој е четврти на табелата доверба имаат 25,42 отсто од прогнозерите.
Прогнозерите имаат свои фаворити и на останатите мечеви од петте најсилни европски лиги кои се дел од 16-тото коло на Спортска прогноза.
Голема доверба имаат во победите на Ајнтрахт Франкфурт над Дармштад (85,18 отсто), на Фрајбург над Хофенхајм (75,18 отсто), на Вест хем над Шефилд јунајтед (75,90 отсто).
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 15 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.
За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
Сони плејстејшн 5
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците, се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.