Прогнозерите имаат сигурици кои комбинираат супер тикет со повеќе од 100 квота

Денеска се играат останатите пет натпревари од 23-то коло од Спортска прогноза а за жал и во оваа рунда, прекрасниот Ајфон 12 нема никој да го освои.

Од вчерашните седум натпревари, прогнозерите највеќе ги разочара Рајо Ваљекано и поразот од Осасуна. Горан Е. и Борче И., очекуваа тимот на Столе Димитриевски да не загуби, но, се случи спротивното.

Сепак, тие остануваат во игра за ваучерите во вредност од 1.000, односно 500 денари од Sport Life.

Од денешните пет средби, прогнозерите искомбинираа тикет со квота од 124.60 и тоа имаат убедливи фаворити во дерби средбите.

Дури 62.63 одсто веруваат во победа на Јувентус над Аталанта, додека нешто повеќе од половина од нив сметаат дека богатиот Њукасл ќе ја победи Астон Вила.

Мечот од Франција, пак, меѓу Клермон и Сент Етијен ќе заврши со нерешен исход.

ПРЕДЛОГ ТИКЕТ

Њукасл  – Астон Вила 1, 2.75 (50.36%)

Џенова – Салернитана 1, 1.92 (86.65%)

Клермон – Сент Етјен Х, 3.20 (46.89)

Лестер – Вест Хем 1, 2.95 (47.96%)

Аталанта – Јувентус 2, 2.50 (62.63%)

____________________________________________________________

Квота: 124.60

- Оглас -

Најнови вести